Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција, Бугарија, Канада и САД. Нудиме современ и професионален пристап во управувањето со човечки ресурси, а нашата основна дејност е обезбедување кадровски решенија за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на наш клиент – голема и диверзифицирана деловна групација со повеќе компании и значителен број вработени, бараме искусен и стратешки ориентиран професионалец за позицијата:
ДИРЕКТОР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR DIRECTOR)
За позицијата
Директорот за човечки ресурси ќе има клучна улога во стратешкото и оперативното управување со HR функцијата на ниво на целата групација.
Позицијата подразбира одговорност за развој и имплементација на единствена HR стратегија, политики и процедури, како и обезбедување конзистентни стандарди за управување со човечкиот капитал во различните компании и деловни единици.
Избраниот кандидат ќе раководи со централниот HR тим и ќе биде стратешки партнер на највисокото раководство, со значајна улога во организацискиот развој, управувањето со промени, развојот на таленти и градењето силна организациска култура.
Клучни одговорности
- Креирање и имплементација на долгорочна HR стратегија усогласена со деловните цели на групацијата;
- Стратешко и оперативно раководење со HR функцијата на ниво на повеќе компании и деловни единици;
- Развој, стандардизација и имплементација на HR политики, процедури и практики;
- Советување и поддршка на највисокото раководство за сите прашања поврзани со човечкиот капитал и организацискиот развој;
- Управување и развој на HR тимот;
- Планирање на работната сила и идентификување на идните кадровски потреби;
- Управување и унапредување на процесите за регрутација и селекција;
- Развој и имплементација на системи за управување со перформанси;
- Креирање стратегии за развој, мотивација и задржување на вработените;
- Идентификување и развој на клучни таленти и планирање на наследување за критичните позиции;
- Активно учество во процесите на организациски промени и трансформација;
- Развој и унапредување на организациската култура и employee engagement;
- Следење и обезбедување усогласеност со трудовото законодавство и регулативата од областа на работните односи;
- Управување со чувствителни работни односи, конфликти и комплексни HR ситуации;
- Развој и следење на релевантни HR KPI показатели и подготовка на HR анализи за потребите на менаџментот;
- Учество во планирање и управување со HR буџетот;
- Иницирање и имплементација на современи HR системи и дигитализација на HR процесите.
Потребни квалификации и искуство
- Високо образование од областа на човечки ресурси, менаџмент, економија, право или друга сродна област;
-
Минимум 7–10 години професионално искуство во човечки ресурси;
-
Минимум 3–5 години искуство на раководна HR позиција, како HR Manager, HR Business Partner, HR Director или слична позиција;
- Докажано искуство во развој и имплементација на HR стратегии, политики и процедури;
- Практично искуство во организациски развој и управување со промени;
- Искуство во регрутација, talent management, performance management и employee retention;
- Одлично познавање на трудовото законодавство и работните односи;
- Познавање и практично користење на HRIS системи;
- Искуство со HR аналитика, KPI показатели и управување со HR буџет ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на Microsoft Office и HR софтвер.
Лични и лидерски компетенции
Бараме професионалец кој поседува:
- Изразено стратешко и бизнис размислување;
- Силни лидерски способности и искуство во водење и развој на тимови;
- Способност за управување со комплексна организациска структура;
- Способност за донесување стратешки одлуки;
- Високо развиени комуникациски, преговарачки и презентациски вештини;
- Способност за ефективна соработка со највисокото раководство;
- Способност за управување со промени и организациска трансформација;
- Одлични вештини за решавање конфликти и медијација;
- Аналитички пристап и способност за донесување одлуки базирани на податоци;
- Високо ниво на професионален интегритет, дискретност и доверливост.
Што нуди позицијата
Ова е можност за искусен HR лидер да преземе стратешка HR функција со влијание на ниво на цела деловна групација, со директна изложеност и соработка со највисокото раководство.
Позицијата нуди можност за активно влијание врз развојот на организацијата, поставување и унапредување на HR системите и процесите и градење современа и одржлива HR функција.
Доколку сте искусен HR професионалец кој сака да направи следен значаен чекор во својата кариера и да преземе лидерска улога во комплексна деловна средина, ве охрабруваме да аплицирате.
Сите апликации ќе бидат третирани со највисоко ниво на доверливост.